Четврток, Ноември 23, 2017

Активности

Заврши проектот „Migration is not a crime"

 

Четириесет учесници од Молдавија, Србија, Украина, Турција, Шпанија, Полска, Грузија и Македонија учествуваа на меѓународната младинска размена „Migration is not a crime“ која од 8ми до 16ти април се оддржа во одморалиштето Михајлово.

 

Преку презентации, работи во групи, споделување на слики и видеа, беа прикажани миграциските трендови и проблемите со кои се соочуваат земјите на учесниците. Дел од учесниците зборуваа за големиот број на имигранти кои поради различни причини на било кој начин пробуваат да ја напуштат својата матична земја, а дел за огромниот број на мигранти, кои исто така не бираат начин на кој ќе транзитираат или ќе се обидат да стигнат до саканата дестинација.

Покрај групната работа, учесниците за миграцијата како еден од најголемите проблеми на денешницата дознаа и од претставниците од регионален центар за граничен регион југ, а согласно предвидените активности имаа и средба со градоначалникот на Општина Кавадарци, господинот Александар Панов.

 

Освен предвидените проектни активности, учесниците имаа можност и да претстават дел од културата, традицијата и знаменитостите кои ги карактеризираат земјите од кои доаѓаат, како и да прошетаат по улиците на Кавадарци и Битола.

 


The Youth Exchange : “Migration is not a crime” took place in the venue Mihajlovo, Macedonia.

 

This project was focused on the main topic: Migration in the 21 century. We find this theme to be challenging and motivating for people working in the nongovernmental sector and for youth organizations as well. Because of the broad term we decided to set motivating objectives, explicitly, objectives that will touch everyone’s attention:

i. Exchanging experience and attitudes between the youngsters - immigrants and those who do not;

ii. Identifying the “push” and “pull” factors;

iii. Enriching our knowledge about migration policy in participating countries and migration roots;

iv. Most common stereotypes and prejudices connected with mixed societies living in one country, but coming from another one;

v. What are the benefits when migrating and migration trends in 21 century;

vi. Reaching common understanding between youngsters presenting different cultures, habits, traditions, working styles, etc;

vii. Discussing concepts such as basic human rights and diversity in non-Eu and Eu countries;

viii. Discussing the benefits that young people may have as a result of cultural diversity - mixed society;

ix. Encourage youngsters to prepare a proposal for youth exchange under the YIA program;

 

The duration of this project was 7 working days and has involved the following countries: Turkey, Serbia, Moldova, Georgia, Ukraine, Macedonia and 2 countries from the EU: Poland and Spain.

 

Each country was composed of group of young people in the age of 18-25 and one group leader. Total number of participants per country was 5 and the total number of participants in the Youth Exchange was 40.

 

The implemented activities were combination of actions implemented by each country. In each day of the program there was a session that was given to each participation country. The activities that took place were various and interesting for all participants. Most of the sessions were closed by discussion which was something that came naturally and was not forced. The participants felt glad to take part of the discussion, and sometimes even annoyed that there was not enough time. The most interesting thing to discover was that most of the young people are active on this question. Some of them have shown great knowledge and interesting opinions. Opinions that were measured like valuable by other participants.

 

 

ПРОГРАМИ

 

Програмата за Намалување на штети е основната програма на која работи ЗОНА. Во рамките на организацијата таа стартува во 2005-та година.

(подржана е од Министерството за Здравство на Р. Македонија и Глобал Фонд за борба против СИДА, Туберкулоза и Маларија)

ДДСТ (Доброволно доверливо советување и тестирање за ХИВ и Хепатит)

Програма за едукација на ранливи групи за ТУБРКУЛОЗА

 

Програмата за Намалување на штети е насочена кон намалување на штетните последици од користењето на дрога, а пред се кон намалување

на ризикот од:

 

ХИВ/СИДА

Хепатит Б и Ц

Предозирање

Социјални штети

Други здравствени последици

 

Оваа програма се стреми кон подобрување на здравствената и социјалната состојба на корисниците преку:

 

- Теренска работа

- Размена на опрема за ињектирање и делење на кондоми

- Едикација и информирање

- Медицински услуги

- Социјални услуги

- Правна помош

 

Програмата се одвива во ДРОП ИН Центар.

 

Ова се сервиси под ист кров каде се добиваат следните услуги:

 

- Размена на стерилна опрема за ињектирање

- Бесплатни кондоми

- Медицински услуги и советување

- Социјални услуги и советување

- Едукација за крвно и сексуално пренисливи инфекции

- Анонимно и бесплатно советување и тестирање на ХИВ и Хепатит

- Едукација за безбедно ињектирање и безбеден секс

- Информирање за соодветни третмани

- Комуникација со институции во име на клиент

 

Медицински услуги:

- Чистење на рани

- Антибиотски масти и спрејови

- Преврски со завој или ханзапласт

- Препораки за соодветна терапија

- Упатување до соодветна здравствена институција

- Советување и едукација

 

Социјални услуги:

- Информативен совет за добивање соодветно здравствено или социјално осигурување

- Советување за добивање на документи за лична идентификација

- Упатување до соодветна институција

- Поединечна и групна социо-терапија

- Конатки со институции во име на клиент

 

Работа на терен:

- Дистрибуција на стерилна опрема

- Дистрибуција на кондоми

- Дистрибуција на дестилирана вода и алкохолни марамчиња

- Контакти со клиенти и нивно советување за влез во некоја програма

 

ДДСТ (Доброволно доверливо советување и тестирање за ХИВ и Хепатит)

ЗОНА спроведува и бесплатно и анонимно советување и тестирање за ХИВ и Хепатит.

Услугата може да ја добие секој еден кој имал ризично однесување.

Оваа програма ЗОНА ја спроведува во соработка со НВО ХЕРА - Скопје и во координација со заводот за здравствена заштита - Кавадарци,

Министерство за Здравство и Глобален Фонд.