Недела, Април 21, 2019

Заврши проектот „Migration is not a crime“

Заврши проектот „Migration is not a crime“

Четириесет учесници од Молдавија, Србија, Украина, Турција, Шпанија, Полска, Грузија и          Македонија   учествуваа на меѓународната младинска размена „Migration is not a crime“ која од 8ми до    16ти април     се оддржа во одморалиштето Михајлово.

Повеќе - Read More

Промоции

Во рамки на Програмата за теренско доброволно и доверливо советување и тестирање за ХИВ, организирана од ХЕРА во соработка со Министерството за здравство, се предвидени промотивни активности...

Повеќе

Програми

Програмата за Намалување на Штети е насочена кон намалување на штетните последици од користењето на дрога, а пред се кон намалување на ризикот од: ХИВ/СИДА, Хепатит Б и Ц, Предозирање, Социјални штети, Други здравствени последици...

Повеќе

За нас

ИНФОРМАЦИИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Здружението на граѓани ЗОНА - Кавадарци е невладина, непрофитна и непартијска  организација. Формирано е во 2003-та година на територијата на општина Кавадарци. Активно работи на програмите за Намалување на Штети од Употреба на Дроги на ниво на општина Кавадарци од 2005-та година.

ЦЕЛ

Работата и активностите на здружението се однесуваат на намалување на штетните последици од дроги и други психоактивни супстанции, работа и едукација со корисници на дроги, примарна превенција на ХИВ, вирусите на Хепатит Б и Ц, соработување со невладини организации, здравствени служби, социјалните центри со цел за подобрување на стандардите и односот кон корисниците на дроги, спроведување на истражувања за состојбата на користење на дроги, како и промовирање алтернативни правци во областа на културата и уметноста заради реализација на целите и задачите.

РАБОТА

Во моментов активно работи на програмите за Намалување на Штети, во чиј склоп спроведува и бесплатно доверливо и доброволно советување и тестирање за ХИВ и Хепатит Ц. Со коалицита СЕГА работи на спроведување на младински политики.